Првите Ecommerce Awards во организација на АЕТМ - препознавање на
						најдобрите во македонската е-трговија
					Ecommerce Awards (Награди во е-трговијата) е иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија
						за препознавање на најдобрите во македонската е-трговија, организирана за прв пат во нашата држава!
					
					 Изборот за најдобрите во е-трговијата, од една страна ќе ги препознае и награди најдобрите, ќе
						придонесе за промоција на е-трговијата и подигнување на свеста за нејзиниот потенцијал, а од друга
						страна ќе придонесе за зајакнување на конкурентноста и охрабрување и мотивирање на е-трговците за
						подобрување и унапредување на нивното работење.
					 Најдобрите е-трговци ќе се одбираат од страна на јавноста и од стручна жири комисија во 18 категории
						поделени во три секции: Шампиони во е-трговија, Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн
						продавање и Најдобри е-продавници по сектори.
					 Првите Ecommerce Awards ќе бидат спроведени во неколку фази. Процесот ќе започне со номинации и
						собирање апликации од е-трговци, по што ќе следи објава на номинираните компании. Следните фази ќе
						вклучуваат гласање од јавноста, како и гласање од стручна жири комисија. Последната фаза ќе биде
						прогласување на победниците проследено со свечен настан кој ќе се одржи во март 2022 година.
					 Иницијативата “E-commerce Awards” е поддржана од Мастеркард како генерален партнер и од Германското
						друштво за меѓународна соработка GIZ како главен поддржувач, а дополнително заинтересираните
						компании кои сакаат да придонесат во организацијата на оваа иницијатива ќе имаат можност да се
						вклучат како поддржувачи.
					 Aсоцијацијата за е-трговија на
								Македонија е
							првата и единствена асоцијација која цели кон инклузивна
							е-трговија. Нашата мисија е да создадеме иднина за развој и успех на е-трговијата во земјата.
							Асоцијацијата има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија како и сите
							засегнати
							компании и организации, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово прошиурување
							вклучувајќи ги
							поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и
							развојот на индустријата. Веруваме дека иднината за подобра Македонија лежи во дигитализација на
							земјата и паметно општество, а е-трговијата е интегрален дел од таквото општество.